Што значи да се биде Шкотланѓанец

Англичаните конечно не сакаат. Таа љубов мора да е поврзана со приближувањето на денот на референдумот и со се поголемата поддршка на кампањата за независност на Шкотска. – Загрижени сме – ми пишува пријател од Англија. – Не сакаме да си одите.

Оваа загриженост за отцепувањето на Шкотска е многу голема, но и збунува. Ги уверувам сите Англичани, преполни со љубов кон нас, дека ако изгласаме независност, нема никаде да отидеме. И понатаму ќе бидеме тука. Нема да има царини, ни бодликави жици долж Твид. Фестивалот во Единбург и понатаму ќе се одржува. И понатаму ќе ви праќаме чадени лососи, Тревис и понатаму ќе прави концерти за вас и сите од југот ќе бидат добредојдени како и секогаш.

Ние само гласаме за право да бираме сопствена влада, да ги собираме своите даноци и да ги трошиме така како што ние сакаме, како и секоја нормална земја. Да се каже – Не си одите, е исто како да кажете: - Не сакаме сами да управувате со своите дејности. Со вас ќе раководат влади кои ние ќе ви ги поставиме.

Уште една заблуда е дека, ако Шкотланѓаните изгласаат независност, ќе избијат етнички судири. Ова мислење го застапува историчарот Сајмон Шам, кој го осудува племенскиот идентитет на шкотскиот национализам. Силите кои заговараат шкотска независност, вели тој, подеднакво се ужасни како тие кои предизвикаа етнички и племенски војни и неброени масакри во светот.

Го прочитав неговиот текст, а потоа погледнав низ прозорецот на мирната поплочена улица во Единбург, каде сега живеам. И се запрашав, дали е можно еден угледен историчар толку да греши. Во тек на 25 години кои ги поминав како дописник од светот видов многу етнички конфликти, од Косово и Чеченија, до Источен Тимор. И ве уверувам сите кои се загрижени од Шамовото дрдорење, дека тоа што се случува во Шкотска личи на тие ужасни места, колку што личи овча сарма на јоркширски пудинг. Можеби не е според сечиј вкус, но сосема сигурно не е гневен ѕвер. Невозможно е од страна да се оцени расположението во Шкотска. Тоа беше една од причините зошто се одлучив да се вратам во својата татковина пред неколку месеци, бидејќи половина живот го поминав надвор од неа, не само за да уживам во референдумското лето, туку и да се обидам повторно да ја сфатам својата земја. 

Следи кусо откажување од одговорноста. Мојот прв грев е тоа дека сум роден во Јоркшир. Толку бев стопен во таа култура, што кога бев 4 годишен, кога родителите кои ми се 100 отсто Шкотланѓани, првпат ме однесоа преку северната граница во Марејфилд, за машкиот тоалет реков: - Каков чуден тоалет... плочки има насекаде по подот.

Брзо се асимилирав. Кога по една година не посетија пријатели од Јоркшир, не го разбрав нивниот говор. Следните 20 години ги поминав во Шкотска (ниту еднаш не отидов во Лондон пред да се запишам таму на факултет), а последните 30 години кога живеев во странство, ги поминав неуморно инсистирајќи, на повеќе јазици, дека државата Шкотска всушност постои и дека никако не е дел од Англија.

Што значи да се биде Шкотланѓанин? Тоа сигурно нема да го дознаете од говорите кои се одржани во текот на референдумската кампања. СНП (Шкотската национална партија) и пошироката коалиција внимателно избегнуваат да го кажат она за што многу луѓе мислат дека треба да биде централна тема на кое било  движење за независност: Идентитетот. Тоа е она што во живот го одржа Шкотланѓанецот во мене, во текот на сите децении кои ги поминав надвор од земјата. Но, не се осудувам тоа да го кажам дома од страв дека ќе ме прогласат за националист или противник на Англија.

Но, национализмот не мора да биде исклучителен, агресивен, шовинистички или потчинет. Тој може да биде национализам кој ги прифаќа разликите, исто како Кетлин Џејми кога вели во својата песна издлабена на споменик за битката кај Банокбурн. Песната се занимава со победата на Шкотска над Англија во 1314 година, но и ги повикува сите дојденци кои се примени во новата земја, во своите срца да ја сметаат за своја.

Независноста не значи повлекување на граници. Шкотланѓаните и Англичаните и понатаму ќе бидат најблиски сојузници. Но, независноста ќе ни даде можност да изградиме земја која подобро ќе го одразува идентитетот и приоритетите, политичката култура, така да се изразам. Повеќето луѓе кои живеат тука и етничките Шкотланѓани и тие кои тука дошле и ја сметаат оваа земја за своја.

Во текот на вековното заедништво со Англија успеавме да ја зачуваме својата култура, музика, книжевност, дијалектика, обичаите, законите и црквата... И сето тоа ги создадоа шкотските вредности. Многу од нас, како што јас ги нарекувам барнсијанци, кои ги презираат привилегиите и се во вечна потрага за правда и кои парите од даноците би ги трошеле на училишта и болници, отколку на милениците на банките или демонстрирање на сила по целиот свет со нуклеарни проектили. Постојат тие повисоки вредности, за кои нашите влади поставени од Вестминстер не се залагаа.

Не гледам ништо лошо во гордото истакнување на таквиот идентитет и ме депримира фактот дека кампањата е насочена на тоа дали ќе бидеме побогати за 500 фунти по жител, или што ќе правиме со целата онаа нафта во Северното Море. Јас ќе гласам за независност, не затоа што сум националист, туку затоа што сум социјал-демократ, не затоа што ги мразам Англичаните (а можев да ги мразам, додека со години живеев во Англија и цел живот работев со Англичани?), туку затоа што сум Шкотланѓанец и затоа што верувам дека ние, поради нашиот национален идентитет и вредностите, подобро ќе управуваме со својата земја, ако успееме тоа да го правиме во свое име.

Њу Стеитсмен - Лондон



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...