Врховната рада усвои закон за специјален статус на Донбас

Киев, 16 септември 2014 (МИА) - Пратениците на Врховната рада на Украина денеска усвоија закон за давање специјален статус на Доњецката и Луганската област во источниот дел од земјата, поднесен од украинскиот претседател Петро Порошенко, како и закон за амнестија на учесниците во настаните во овој дел од државата. 

За законот за специјален статус за Донбас гласаа 277 пратеници, а законот за амнестија го поддржаа 287.

Според законот за специјален статус за Донбаскиот басен се предлага посебен систем на самоуправување за период од три години, како и одржување локални избори во овие региони на 7 декември оваа година.

Законот за амнестија спречува гонење и казнување на „учесниците во случувањата на територијата на Доњецката и Луганската област“.

Порошенко вчера истакна дека со законот не се опфатени извршителите на кривични дела од кривичниот законик, како што е убиство со предумисла, тероризам, обид за убиство на државен службеник или полициски припадник, силување, кражби, изживување врз загинати и многу други одредби кои треба да ја гарантираат територијалната целовитост на Украина.

Медиумите објавија дека властите на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ сметаат дека предлог-законот на Порошенко за нив е „неактуелен“, а премиерот на самопрогласената „Луганска Народна Република“ Генадиј Ципкалов нагласи дека народот веќе направил избор, а тоа е „одвоена ЛНР“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...