Противниците на шкотската независност имаат мала предност

Единбург, 17 септември 2014 (МИА) - Блокот на унионистите кои се противат на отцепувањето на Шкотска од Велика Британија, на еден ден пред референдумот за независност, ја зголемија предноста во однос на сепаратистите.

Последните анкети што ги направија три агенциии за испитување на јавното мислење, покажуваат дека кампањата „Заедно е подобро“ ја поддржуваат 52 отсто од Шкотланѓаните, додека кампањата за независност може да смета на поддршката на 48 отсто од гласачите.

Во истражувањето на „Опиниум“ направено за весникот „Дејли Телеграф“, на ИЦМ за „Скотсмен“ и на „Сарвејшн“ за „Дејли Меил“, се вклучени нопределените гласачи.

Разликата од четири отсто од гласовите во полза на унионистите се покажува и на посебното испитување што го направи агенцијата „Сарвејшн“ во кое 48 отсто поддржуваат останување на Шкотка во составот на Велика Британија, 44 остсо сакаат независност, додека осум отсто се уште се декларираат како неопределени.

На последните мерења, што беа објавени пред пет денови, разликата меѓу унионистите и сепаратистите изнесуваше само два отсто.

Првиот министер на Шкотска, Алекс Салмонд кој како лидер на сепаратистичката Шкотска национална партија СНП, во изминатите две години ја предводи кампањата за независност, ги повика Шкотланѓаните утре да гласаат за отцепувањето. „Ајде да го направиме тоа“ -вели Салмонд во пораката до гласачите.

Тој одново инсистираше на патриотизмот на луѓето, па ги советува гласачите да не им веруваат на статистиките и на бројките, туку на срцето и на разумот, кога ќе го пуштат гласачкото ливче на референдумското изјаснување.

Како на почетокот на кампањата, така и на нејзиниот крај Салмонд и неговите сепаратисти, инсистираат на правото земјата да биде независна, со практично истото образложение, дека ако можат другите мали земји да бидат сами и независни, тогаш може и Шкотска.

Унионистите кои постојано дебатираат со аргументите дека на земјата ќе и биде подобро ако остане во Велика Британија, нудејќи економско-финансиски и политички факти за тоа, во финишот на референдумската кампања бараат од гласачите да ја сакаат Шкотска на тој начин што ќе гласаат против отцепувањето.

Раководителот на кампањата на унионистите, Алистер Дарлинг, поранешен британски министер за финансии, изјави денеска дека како и да гласаат луѓето, веќе од петок претстои „тешка работа за залечување на повредите од делбите, што ги предизвика долгата кампања“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...