НАТО фактички ја турка Украина во насилно сценарио

Москва, 17 септември 2014 (МИА) - Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави денеска дека НАТО одиграл деструктивна улога во украинската криза и дека фактички го поттикнува Киев на насилно решавање на конфликтот.

Тој ги отфрли обвиненијата за руското воено мешање во Украина и нагласи дека тоа е дел од информативната војна.

- Внимание привлекува деструктивната улога на НАТО за време на целата криза во Украина. Меѓу останатото Алијансата е насочена кон јакнење на воениот потенцијал на Украина, кој како што е познато, се користи против цивилите. Раководството на НАТО ги поддржува намерите на државите-членки во голем обем да ја снабдуваат Украина со специјални средства, воена опрема, кои украинските власти можат да ги употребат за внатрешна репресија. На тој начин Киев фактички поттикнува на насилно решавање на конфликтот, рече Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи за „Расискаја газета“ изјави дека плановите за одржување на вежби на земјите од НАТО со Украина на украинска територија, обелоденети на неодамнешниот самит во Велс, не придонесуваат за мировниот процес и само го продлабочуваат расколот во украинското општество.

Лавров обвиненијата за руското воено мешање во Украина ги нарече информативна војна.

- Обвиненијата на Русија за военото мешање во конфликтот се слушаат не првпат, од самиот почеток на кризата практично не обвинуваат за се. Притоа ниту еднаш не претставија факти, рече шефот на руската дипломатија.

Според Лавров карактеристика на заземањето позиции на САД и некои европски земји е отсуството на докази, премолчување и искривување на вистината.

- Тоа се однесува и на тврдењата за движењето на нашата војска и истрагата за катастрофата на малезискиот „Боинг“ и трагедијата на Мајдан или во Одеса и на многу други ситуации, рече Лавров.

Тој истакна дека денес Украина се наоѓа пред избор или да тргне по патот на мирот и конструктивен дијалог во општеството или да западне во авторитарност и национал-радикална диктатура.

- Одлуката е на Киев и на украинското општество, додаде тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...