ЕП нема да им прогледа низ прсти на новоназначените комесари

Стразбур, 17 септември 2014 (МИА) - Европскиот парламент наголемо се подготвува за устниот испит на новоназначените европски комесари, а повеќе европратеници најавија дека испитот ќе биде „тежок“, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

„Ова е важна недела за нас, бидејќи ние ги подготвуваме сослушувањата за идните комесари“ – подвече претседателот на Групата на Европските либерали и демократи Ги Верхофштад на конференцијата за печатот.

Денеска службата за комуникации на ЕП одржа средба со новинарите на која беше дообјаснет начинот на кој ќе бидат сослушувани сите назначени комесари, кои најпрво до 22 септември треба да поднесат изјава за нивната имотна состојба, додека сослушувањата ќе започнат на 29 септември и ќе траат се до 7 окотмври.

Седумте вице-претседатели на Комисијата ќе бидат сослушани на крајот и тие ќе бидат сослушувани од повеќе парламентарни комисии.

Ако го поминат испитот, целата Европска комисија ќе биде одобрена од Европскиот парламент на 22 октомври во Стразбур на пленараната сесија, и тогаш ќе биде потребно просто мнозинство од сите европратеници кои ќе земат учество гласањето.

Претседателот на групата на Европските Народни партии Манфред Вебер предупреди дека секој од комесарите „ќе треба да ги извади сите карти на маса“, и тие треба да „земат предвид дека се работи за значаен устен испит, кој е вистински испит од наша страна“ – рече претседателот на најголемата политичка група во ЕП.

Претседателот на групата на социјалистите и демократите во ЕП Италијанецот Џани Питела од своја страна нагласи дека неговата група, исто како и другите, работи на подготовката на „испитот“. Сослушувањето ќе биде со цел да се проверат како „нивните познавања во назначениот ресор, нивната етика, програмата која ќе ја спроведуваат во однос на обврските кои ги презеде претседателот на Комисијата Жан-Клод Јункер.

Питела откри имиња на повеќе еврокомесари кои можат да бидат проблематични за да добијат зелено светло од Парламентот. Меѓу нив социјалситите се посебно загрижени за кандидатурата на Унгарецот Тибор Наврачсич, кој е близок до премиерот Виктор Орбан.

Социјалистите имаат резерви и за Шпанецот Мугуел Ариас Кањете, назначен комесар за Клима и Енергија. Питела зборуваше за можен конфликт на интереси, по што Кањете со соопштение до јавноста даде до знаење дека неговите акции кои ги поседува во нафтените компании ќе ги продаде и со тоа ќе ги замолчи критиките.

На кандидатурата на Кањете не гледа со наклоност ниту групата на Зелените, „Кањете е можеби понадлежен за нафтата отколку за обновливата енергија“ – изрази жалење ко-претседателката на Зелените Ребека Хармс. Таа најави дека Зелените подготвуваат посебно „остро сослушување“, но и поради фактот „што тој не ги зема сериозно жените во политиката“, ова поради сексистичките забелешки на Кањете.

Кандидатурата на Словенката Аленка Братушек за заменик претседател на Комисијата задолжена за Енергетската унија е проблематична за социјалистите. „Ние имама резерви за начинот на кој таа беше назначена“ – објасни претседателот на социјалистичката група Питела. „Изгледа дека таа се самоназначи пред да го напушти премиерското место“ по недовербата од нејзината партија.

Европратениците имаат забелешки и за другите кандидати, како Филип Лаберт – копретседател на Зелените кој смета дека „да му се даде контролата на регулацијата на финансискиот пазар на кандидат од Обединетото кралство е несоодветно.“

„Европските власти се карани од јавното мислење, кое и забележува на Европа дека е жртва на лоби... избира еден поранешен лобист од една земја која не е дел од банкарската унија“ – жали Ламберт.

Ламберт исто така смета дека назначувањето на Французинот Пјер Московиси за економските прашања е лош избор со оглед дека Франција не ги почитува буџетските обврски.

Ако некои кандидтаи не го поминат испитот пред парламентарните комисии, Јункер може да побара од државите од кој кандидатот доаѓа да предложат ново лице, за Комисијата да не биде отфрлена целосно.

Во минатото се случувало да бидат заменети кандидати во текот на процедурата на сослушување-испитување или пак промена на ресорите. Така социјалистите не гледаат многу поволно на назначувањето на припадниците на семејството на Народните партии на заменичките претседателски функции во Комисијата на Финецот Јирки Катаинен и за еврото на Летонецот Валдис Домбровскис.

Интересно е дека повеќе новоназначени кандидати за комесари беа присутни и се уште се во Стразбур на пленарната сесија, пет од нив се избрани европратеници, престој кој го искористија за неформални средби со европратениците и испитување на нивните пулсови пред фамозните сослушувања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...