Џон Мејџор: Шкотланѓаните се заведени и измамени од националистите

Лондон, 17 септември  2014 (МИА) - Поранешниот британски премиер Џон Мејџор изјави дека Шкотланѓаните се „заведени и измамени“ од шкотските националисти во врска со независноста на земјата и отцепувањето од Велика Британија.

Во интервју за Си-Ен Ен, Мејџор рече дека откако е започната кампањата за утрешниот референдум, луѓето „лажно се уверуваат“ дека се ќе биде во ред и тоа преку ноќ, доколку Шкотска се отцепи.

Според поранешниот премиер, лажни ветувања им се даваат и кога станува збор за ЕУ и за НАТО, а и кога станува збор за економската иднина на Шкотска.

- Им велат дека како независна држава, земјата директно ќе стане членка на ЕУ. Во Брисел велат дека тоа нема да биде така, а националистите тогаш ќе ја обвинуваат ЕУ дека лаже. Ги уверуваат гласачите дека веднаш ќе влезат и во НАТО, а тоа е сосема малку веројатно, според она што порачуваат од Алијансата, рече Мејџор.

Тој го смета како „апсурдно и крајно неодговорно“ на еден ден до гласањето на референдумот, луѓето во Шкотска да не знаат која валута ќе ја користат како независна држава.

Мејџор апелираше до Шкотланѓаните да ги отфрлат лагите на националистите и нивните лажни ветувања, за да не дозволат да се растури една успешна унија, во која преку три века заеднички живеат и работат Шкотланѓаните и Англичаните и да ја прифатат понудата на трите главни и најголеми британски партии,за измена на деволуцијата и за проширување на овластувањата на Парламентот во Единбург.

- Повеќе од 800 илјади Шкотланѓани живеат во Велика Британија, надвор од Шкотска. Зарем ќе дозволиме сите тие од петок да бидат третирани како странци, рече Џон Мејџор за Си-Ен-Ен.

Мејџор беше британски премиер од 1990 до 1997 година, откако ја наследи на функцијата Маргарет Тачер. Тој беше поразен од лабуристите предводени од Тони Блер, по што се повлече од активната политика.

Додека беше во Даунинг стрит 10, Мејџор не се согласуваше да се возобнови работата на шкотскиот Парламент.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...