Шкотланѓаните гласаат на референдум за независност на Шкотска

Единбург,18 септември 2014 (МИА) - Шкотланѓаните излегуваат денеска на гласачките места,за да гласаат на референдум за тоа дали Шкотска да стане независна држава,или да остане во рамките на Велика Британија.

Денешното гласање може да значи крај на 307 години старата унија меѓу Шкотска и Англија,но и растурање на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

На почетокот на кампањата, малкумина во Британија веруваа во можноста да дојде до растурање на државата,која е една од големите сили во меѓународната политика и економија,освен шкотските националисти и сепаратисти,предводени од првиот министер на владата на Шкотска и лидер на шкотската национална партија (СНП) Алекс Салмонд.

Таквото мислење беше резултат на бројните анкети на почетокот,како и во текот на кампањата за референдумот,според кои само една третина од Шкотланѓаните сакаат независност,додека дури две третини од луѓето,повеќе сакаат поголеми овластувања за шкотскиот Парламент,отколку отцепување.

Во финишот на кампањата,работите радикално се променија,па гласачите излегуваат да гласаат во атмосфера на неизвесност за крајниот исход и длабоко поделени околу тоа каква да биде иднината на земјата. Последните мерења на расположението на луѓето,покажаа дека кампањата „Заедно е подобро“ беше во водство,имајќи ја поддршката на 52 отсто од гласачите,наспроти 48 отсто колку што имаше кампањата за целосна независност на Шкотска.

На последните средби со граѓаните,Салмонд порача дека референдумот е единствена шанса за цела една генерација и ги повика Шкотланѓаните да го дадат својот глас за независноста на својата земја. Британскиот премиер Дејвид Камерон,кој го бранеше интегритетот на државата и тривековното заедничко живеење,ги повика гласачите во Шкотска да останат во обединета Велика Британија.

Зборувајќи во Абердин,Камерон рече дека тоа е многу подобра опција за земјата,од отцепувањето и предупреди дека доколку мнозинството се определи за независност,нема да има враќање назад и нема повторно обединување.

Прашањето за иднината на Шкотска, уште пред денешното гласање, се одразува врз домашниот и меѓународниот бизнис.

Поголем број банки и компании стравуваат од шкотското отцепување,па веќе најавија дека ке ги преселат своите седишта од Единбург во Лондон,доколку победи опцијата за независност.

Бизнис лидерите во текот на кампањата предупредуваа дека расцепот на Британија ќе остави последици врз шкотската,но и врз британската економија. Постои можност да се поткопа позицијата на лондонски Сити,како глобален финансиски центар,но се стравува дека сецесијата би можела да предизвика економско-финансиска депресија во Шкотска,како онаа во САД,во 1925 година,која би ја почувствувала и британската економија.

Економските експерти предвидуваат и пад на акциите,опаѓање на вредноста на фунтата,криза со даноците и исплатите за пензии.

Референдумот во Шкотска со големо внимание се следи во Европа и во светот,но посебно во Каталонија,каде локалните сепаратисти сакаат да организираат свој референдум за отцепување,на Корзика,каде одамна постои движење за независност од Франција,како и во канадски Квебек,каде веќе се одржаа два референдума за независност на оваа франкофонска провинција.

Гласачките места се отвораат денеска во 7 часот и луѓето ќе може да гласаат до вечерва ,во 22 часот.

Првите резултати од референдумот се очекуваат после два часа по полноќ,во рано утрото во петок. Резултатите од гласањето во поголемите градови, се предвидува да бидат познати во петок,во претпладневните часови. На референдумот за првпат ќе гласаат и тинејџерите,на возраст меѓу 16 и 17 години. Ваквата одлука е донесена под силен притисок на првиот министер Салмонд и сепаратистите,кои веруваат дека мнозинството млади се повеќе наклонети кон отцепувањето од Велика Британија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...