Десет илјади полицајци се очекува да протестираат по улиците на Брисел

Брисел, 18 септември 2014 (МИА) - По улиците на Брисел денеска се очекува да протестираат 10.000 полицајци, незадоволни од недостигот на политички одлуки, поврзани со нивното рано пензионирање. 

Се предвидува демонстрантите да ги блокираат улиците два часа во најфреквентиот период од денот во градот. Полицајците не се согласни со тоа дека партиите, кои преговараат за состав на новата влада не предвидуваат мерки во одговор на одлуката на Уставниот суд, со која возраста на пензионирање на таа категорија службеници беше зголемена.

Сега сите службеници на белгискста полиција можат да се пензионираат на 62 години, а до одлуката на судот, според категоријата, тие имаат право да излезат во пензија, ако навршиле соодветно 54 или 60 години.

Партиите, кои се очекува да состават нова федерална влада, предвидуваат построги услови за пензионирање на службениците во јавниот сектор, со кои се предвидува отфрлање на можноста за предвремено заминување во пензија.

Најзасегнати од меркаѕа би биле полицајците и службениците во железниците, за кои досега се правеше исклучок и тие можеа да се пензионираат, пред да навршат 60 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...