Париз, 18 септември 2014 (МИА) - Француското национално собрание го изгаласа нацрт законот за „борба против тероризмот“, со кој меѓу друготo е предвидено забрана да се напушта француската територија за џихад во Сирија, јавува дописникот на МИА од Париз.
Законскиот текст, предложен од министерот за внатрешни работи Бернар Казенев, беше разгледуван по итна постапка.
Со новиот закон се воведува ново кривично дело „индивидуален терористички акт“, како и можниост административно да се блокираат интернет порталите на кои се слави теророизмот.
Законскиот текст беше поддржан од сите политички групи во Националното собрание, со исклучок на зелените кои се воздржаа при гласањето. Непосредно пред гласањето на текстот за борбата против тероризмот, француската полиција изведе превентивна акција за разбивање исламистичка група во Лион и неговата околина, при што се упасени шест лица од кои двајца малолетници.