Екипа на Би-Би-Си нападната во рускиот град Астрахан

Москва,18 септември 2014 (МИА) - Телевизиската екипа на Би-Би-Си е нападната во јужниот руски град Астрахан,откако камерман и дописникот на таа британска медиумска компанија во Москва,ја испитувале смртта на еден руски војник,за кој се знае дека бил убиен во близината на границата со Украина. Во нападот камерманот бил соборен на земја,а потоа претепан.

Неговата камера била уништена,а целиот снимен материјал бил избришан. Би-Би-Си вложи денеска официјален протест до руските власти и побара да се испита целиот случај и да се најдат и казнат напаѓачите.

Властите во Астрахан го потврдија инцидентот и соопштија дека веднаш е покрената истрага.

Според британските репортери,нападот се случил откако камерманот и новинарот излегле од едно локално кафуле,подготвувајќи се за враќање во Москва. Тројца мажи го заобиколиле возилото на Британците,па прво започнале расправија,а потоа се нафрлиле врз камерманот.

Во нападот тој не бил посериозно повреден,па двјцата заминале во полицијата за да пријават што се случило.

Полицајците ги задржале двајцата Британци цели четири часови,,испрашувајќи ги за инцидентот.

Снимениот материјал останал во нивнто возило,но репортерите подоцна утврдиле дека се избришани сите податоци,како и целиот снимен материјал за случајот, кои се наоѓале во лаптопот на британскиот репортер и во неколку мемориски картички.

Властите на Астрахан го оквалификуаа инцидентот како „криминален случај“.

Во протестот на Би-Би-Си,меѓутоа,се вели дека нападот бил „усогласен и синхронизиран“ за да се уништи снимениот материјал за рускиот војник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...