ОБСЕ ќе го зголеми бројот на набљудувачите во Украина до 500

Виена, 18 септември 2014 (МИА) - Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) до крајот на ноември двојно ќе го зголеми бројот на набљудувачите во Украина, со што нејзиниот тим ќе брои 500 лица, изјави раководителот на набљудувачката мисија на ОБСЕ во оваа земја, Ертугрол Апакан.

- Во моментов има околу 250 лица, а заедно со помошниот персонал, околу 300 лица. Планираме да го зголемиме бројот со уште 250 лица во следните два до два и пол месеци, рече Апакан. 

Освен 500-те набљудувачи ќе има и околу 400 лица за логистичка поддршка. 

Тој прецизираше дека тоа е неопходно за следење на почитувањето на примирјето. 

- Освен тоа ОБСЕ планира најдоцна за четири недели да почна да користи беспилотни летала за набљудување на укрианската страна на границата со Русија, паралелно со патролите на копно, изјави Апакан и им се заблагодари на Франција и Германија, кои изразиле готовност да и достават таква техника на Организацијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...