Расмусен е задоволен

Брисел, 19 септември 2014 (МИА) -Генералниот секретар на Северно-атлантската алијанса (НАТО), Андерс Фог Расмусен е првиот претставник на дузината силни воено-политички организации со седиште во Брисел што излезе со коментар за одржаниот референдум за независност во Шкотска.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, во својата куса изјава, Расмусен порача дека тој целосно го почитува изборот што луѓето од Шкотска го направиле на вчерашниот референдум.

- Ја поздравувам изјавата на премиерот на Обединетото Кралство, Дејвид Камерон дека Велика Британија ќе оди напред како обединета држава. Обединетото Кралство е еден од основачите на НАТО и јас сум убеден дека Британија ќе продолжи да игра водечка улога за да се задржи нашата Алијанса силна - порачува Расмусен.

Претходно, генералниот секретар на Алијансата посочи дека во случај на независност од Британија, Шкотите ќе мораат да аплицираат за членство и да минат низ филтерот на пристапување кон НАТО, што може да трае повеќе години пред да се вратат во Алијансата.

За разлика од Расмусен, лидерската двојка на Европската унија, Жозе Мануел Барозо и Херман ван Ромпуј, чија реакција се уште се очекува, два месеци пред одржувањето на референдумот до неговото завршување, тие одбиваа да дадат коментар со цел да не влијаат на демократскиот процес во оваа земја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...