Французинката заболена од ебола прима експериментални лекови

Париз, 19 септември 2014 (МИА) - На заболената француска волонтерка од ебола, која работеше во Либерија за Лекари без граници, по нејзиното враќање во Франција и се даваат експериментални лекови, јавува дописникот на МИА од Париз.

Младата волонтерка, која беше заразена од вирусот на ебола вo Либерија, по професија е медицинска сестра и таа од вчеrа се наоѓа во воената болница Бегин во близината на Париз, каде според министерката за здравство Марисол Турен и се даваат експериментални лекови.

Министерката објасни за француското радио РТЛ дека дозволила увоз на „експериментални лекови“, без притоа да каже за кои лекови станува збор.

Според француските медиуми, воената болница Бегин побарала на пациентката да и се даде од серумот ЗМапп, коктел на антитела со активен принципи, кој им беше даден на двата американски лекари кои ја преживеаа грозницата Ебола.

Лекар од Либерија, кој беше лекуван со истиот серум почина.

Засега не постои специфичен лек против Еболата, но заболените добиваат лекови за олеснување на симптомите, како против болките или високата температура.

Вчера францускиот претседател Франсоа Оланд најави дека побара од министерот за одбрана да инсталира полска воена болница во шумскиот дел на Гвинеја, каде се наоѓа жариштето на епидемијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...