Барозо и Ван Ромпуј задоволни што Британија останува обединета во ЕУ

Брисел, 19 септември 2014 (МИА) - Лидерската двојка на Европската унија, претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо и првиот човек на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, коментирјаќи го исходот од референдумот за независност на Шкотска од Обединетото Кралство, го изразија своето задоволство што Велика Британија останува обединета во рамки на Унијата.

 Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Барозо во својот коментар вели дека исходот на референдумот во Шкотска е за доброто на обединета, отворена и посилна Европа за што се залага и Европската комисија.

- Европската комисија го поздравува фактот што за време на дебатата во текот на изминатите години, шкотската Влада и шкотскиот народ постојано ја потврдуваа својата европска посветеност. Еврокомисијата ќе продолжи да се вклучува во конструктивен дијалог со шкотската Влада во областите под нејзина одговорност, кои се важни за иднината на Шкотска, вклучувајќи создавање на работни места и економски раст, енергетика, климатските промени и животната средина, како и попаметна регулатива - гласи пораката на челникот на неформалната Влада на ЕУ.

Претседателот на Советот, Херман ван Ромпуј, пак, исткана дека тој го почитува и го поздравува изборот на луѓето од Шкотска на вчерашнио референдум.

- Поздравувам што, како што наведе и британскиот премиер Дејвид Камерон утринава, Велика Британија ќе остане обединета. Обединетото Кралство е и ќе остане важен член на Европската унија, што е во корист на сите граѓани и земјите-членки на Унијата - истакна Ван Ромпуј.

Претходно, олеснување и задоволство со исходот од референдумот во Шкотска истакна и генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусне. Тоа значи дека и НАТО и ЕУ остануваат обединети во однос на сегашните земји-членки, а и пораката од Британија е и порака за обесхрабрување на останатите региони во земјите-членки на најголемите светски воено-политички организации, кои исто така најавуваат одржување на референдум за независност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...