Шпанија среќна поради исходот од референдумот во Шкотска

гласањето немало влијание врз Каталонија

Мадрид, 19 септември 2014 (МИА) - Шпанија е „мошне среќна“, бидејќи граѓаните на Шкотска се изјаснија дека не сакаат да се отцепат од Велика Британија, изјави денеска шпанскиот премиер Маријано Рахој.

- Ние сме мошне среќни поради тоа што Шкотска останува со нас, порача Рахој во снимената видео порака, оценувајќи дека резултатот од гласањето е позитивен за интеграцијата на Европската унија. 

Од друга страна активистите, кои се борат за отцепување на Каталонија од Шпанија наведоа дека гласањето во Шкотска има мало влијание врз нивната одлука да се изборат за независност на Каталонија. 

Пратеникот во каталонскиот Парламент, Рикард Хене изјави дека во Шкотска се случи тоа што приврзаниците на каталонското отцепување од Шпанија го очекувале и дека кампањата за независност на Каталонија по шкотскиот референдум само зајакнала. 

Тоа што е важно, додаде тој, е дека референдумот е одржан и оти Шкотланѓаните можеле да ја изразат својата колективна волја. 

- Она на што навистина им завидуваме е дека имаа можност да гласаат. Ние за тоа се бориме, рече Хене. 

Пратениците во каталонскиот Парламент треба денеска попладне да усвојат закон, кој ќе им овозможи легално да одржат референдум за судбината на Каталонија. Референдумот е планирано да се одржи на 9 ноември, а за него шпанската Влада не даде согласност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...