Путин предлага Виена да биде домаќин на мировните преговори за Украина

Виена, 19 септември 2014 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин му предложил на австрискиот канцелар Вернер Фајман Виена да биде домаќин на евемтуални мировни преговори за надминување на кризата во Украина, објави виенскиот весник „Естеррајх“.

Според весникот, ваквата идеја Путин ја дал за време на вчерашниот 20-минутен разговор со Фајман во кој станало збор за случувањата во Украина и за напорите на ЕУ за надминување на украинската криза.

Според весникот, Фајман оценил дека позициите меѓу двете земји делумно се приближиле, при што Путин ги пофалил напорите на Австрија за мир и оценил дека Виена би била најприфатливо место за евентуални мировни преговори за украинската криза.

Австрија досега водеше внимателна политика балансирајќи меѓу солидарноста со ЕУ во воведувањето на санкциите кон Русија и одржувањето на контактите со Москва. Причина за ваквата позиција на Виена во голема мерка се и значајните бизнис врски на австриските компании со Русија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...