Скок на акциите на лондонската берза по отфрлањето на шкотската независност

Лондон, 19 сепември 2014 (МИА) - Вредноста на акциите на берзата во Лондон се зголеми откако гласчите во Шкотска на вчерашниот референдум ги отфрлија независноста и отцепувањето од Велика Британија.

Денеска на пладне вредноста на акциите на ФТСЕ 100 пораснаа за 0,74 проценти, предизвикувајќи елиминирање на стравот кај инвеститорите од можниот расцеп на Велика Британија.

Британската фунта почна да се зголемува уште во моментите кога стана јасно дека сепаратистите губат на референдумот. Во однос на еврото, фунатата ја зголеми својата вредност до ниво кое е највисоко во последните две години. Подоцна скокот на британската валтута благо се намали, па сега изнесува 1,27 евра за една британска фунта.

Скокот во однос на доларот беше помал и достигна ннво кое највисоко во последните две недели. Сега за една фунта треба да се дадат 1,63 американски долари.

Акциите на лондонската берза и на берзите низ светот, како и на вредноста на фунтата, опаднаа минатиот месец, кога во еден момент, анкетите покажаа дека шкотските сепаратисти за прв пат имаа предност, наспроти унионистите и противниците на отцепувањето.

Кралската банка на Шкотска (РБС) денеска соопшти дека по поразот на сепаратистите останува во Единбург. Претходно раководството на РБС соопшти дека доколку победи опцијата за независност, банката ќе се пресели во Лондон.

Со слично соопштение сега се огласи и „Лојдс Банкинг Групата“, која е сопственик на две други шкотски банки, „Халифакс“ и „Банката на Шкотска“.

И оваа банкарска групација минатата недела објави дека ќе се пресели во Лондон, доколку Шкотска се отцепи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...