Deutsche Welle

Тврдокорните во Кремљ владеат со Русија на Путин

Од неговото доаѓање на власт пред 14 години, рускиот претседател Владимир Путин е опкружен со блиски пријатели. Тврдокорните во неговиот внатрешен круг низ годините добиваат се’ повеќе моќ.

Непопусливите лица во Кремљ се малку познати во западниот свет. Тие се кријат од вниманието на јавноста и не сакаат да даваат интервјуа. Зад кулисите, овие политички „јастреби“ преку претседателот Путин го насочуваат контроверзниот курс на Русија во однос на ЕУ и САД.

Тие се дел од она што Евгениј Минченко го нарекува „Политбиро 2.0“, израз кој се однесува на моќниот комитет на функционери од Комунистичката партија во Советскиот сојуз. Минченко, кој е познат руски политички консултант, вели дека „јастребите“ околу Путин станаа повлијателни од кога било претходно.

Според Иан Бремер, директор на „Еуроазија груп“, ова е само последица за конфронтацијата со Западот во однос на Украина. Кремљ го врами конфликтот во „екстремно националистичка, реваншистичка смисла“.

„За Путин тој е повеќе за геополитика, отколку што е за економија“, вели Бремер за Дојче веле. „Доколку ’гулабите’ во руската елита се наоѓаат во економскиот блок за креирање политики, тогаш нивното влијание врз оваа политика е екстремно слабо“.

Влијанието на „силовики“

Според Минченко, посебно тројца советници профитираа од курсот на тврда линија на Кремљ: Сергеј Иванов, Сергеј Шојгу и Игор Сечин. Сите тројца припаѓаат на „силовики“, термин кој се однесува на неуниформираните безбедносни служби, како што се, на пример, разузнавачките агенции.

Иванов е поранешен човек на КГБ, кој во моментов му служи на Путин како шеф на претседателската администрација. Шојгу е генерал, кој е министер за одбрана од 2012. Во однос на популарноста тој е втор по Путин. Сечин, кој е поранешен разузнавачки агент и еден од најголемите советници од доверба на Путин, е шеф на државната нафтена компанија „Роснефт“. И самиот Путин е „силовик“, бидејќи има служено во КГБ.

Сергеј Шојгу е министер за одбрана од 2012 година

Минченко објаснува дека не постои нешто како поранешен член на „силовики“ и го наведува примерот на шефот на „Роснефт“, Сечин, кој има влијание врз руската национална безбедносна политика, иако не припаѓа на некоја официјална структура на моќ.

Внатрешниот круг е стабилен

Според Бремер, иако ЕУ и САД се обидоа да го поделат Кремљ преку целни санкции, оваа политика всушност ги собра „јастребите“ околу Путин.

„Најголем дел од овие фигури беа меѓу првите цели на САД и ЕУ за кои беше наметнато замрзнување на имотот и забрани за патување, но како што гледаме овие мерки имаа мал ефект“, вели Бремер. „Ова можеби доведе до тоа да се засили зависноста од Путин на овие елити“.

Многу од компаниите блиски до Путин беа исто така погодени од санкциите од Западот. Но, како што оценува Минченко, ова само го зголеми влијанието на лојалните на Путин меѓу руските олигарси. Тие го направиле сопственото богатство главно од големи договори со државата.

„Поради слабата економска ситуација, најважните фигури во Политбирото добија големи компензациски пакети“, рече Минченко. „Пред се’, тоа се браќата Ковалчук и Генадиј Тимшенко“.

Јуриј Ковалчук е најголемиот акционер во банката „Росија“. Неговиот брат Михаил е на чело на „Курчатов институт“, кој спроведува истражувања во областа на нуклеарната енергија. Тимченко, пак, е нафтен олигарх со бројни акции во компанијата за природен гас „Новатек“.

Русија на Путин

Иако овие тврдокорни лица добија на сила и влијание, нивното значење не треба да се преувеличува, нагласува Минченко. Тој смета дека доколку тие се навистина до толку многу влијателни, тогаш „руските трупи ќе беа веќе во Киев“. „Тоа би било победа за ’јастребите’“.

Во тој контекст внимателен е и Бремер. Тој верува дека конзервативците го дефинираат развојот на настаните во Русија во моментов. Но, на крајот последниот збор за курсот на Москва го има претседателот Путин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...