Новата полска Влада на Ева Копач положи заклетва

Варшава, 22 септември 2014 (МИА) - Новата полска Влада, предводена од премиерката Ева Копач денеска положи заклетва пред претседателот Бронислав Коморовски.

Парламентот на 1 октомври ќе се изјасни за доверба на новиот Кабинет. Се очекува гласањето да мине без проблеми, со оглед на тоа дека кандидатурата на Копач е поднесена од владејачката партија Граѓанска платформа и е поддржана и од нејзиниот коалициски партнер, Полската селанска партија.

Во Владата на Копач останаа 13 министри од кабинетот на претходниот премиер Доланд Туск, кој се повлече, откако беше номиниран за претседател на Европскот совет.

Досегашниот министер за надворешни работи Радослав Сикорски се повлече од функцијата, која ја заземаше седум години и од денеска ќе раководи со Сејмот, на местото на Ева Копач. Тој е заменет од друг лидер во владејачката партија Граѓанска платформа, Гжегоз Схетина.

На досегашните функции остануваат министрите за одбрана Томаш Шемоњак, кој станува и вицепреиер, за државен трезор Влоджимеж Карпимски, за животна средина Мачеј Грабовски. Функциите ги задржуваат и министрите за финансии, образование, наука и високо образование, култура, здравство. На позициите остануваат и министрите од Полската селанска партија, вицепрмеиерот и министер за економија Јануш Пехочински, министерот за труд и социјална политика Владислав Кошињак Камиш, министерот за земјоделство и развој на руралните области Марек Савицки.

Нов министер за внатрешни работи е Тереса Петровска, министер за правда е Цезари Грабарчик, а за администрација и дигитализација е Анджеј Халицки.

Тереса Петровска е првата жена во Полска на чело на Министерството за внатрешни работи, а кабинетот има вкупно шест претставнички на понежниот пол.

Во Полска следната година наесен ќе се одржат редовни парламентарни избори и доколку Копач дотогаш не ја стекне довербата на граѓаните може да загуби од опозициската „Закон и правда“ на поранешниот премиер на Јарослав Качински.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...