ЕУ идната недела ќе укине дел од санкциите кон Русија

Брисел, 23 септември 2014 (МИА) - Амбасадорите на земјите-членки нa Европската унија, во рамки на групата КОРЕПЕР на Советот на Унијата, идниот вторник ќе заседаваат и се очекува да донесат одлука да побараат од Европската комисија и од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) да бидат укинати дел од рестриктивните мерки на ЕУ кон Русија.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, портпаролката на европската дипломатска служба, Маја Коцијанчич, денеска потврди дека амбасадорите на земјите на ЕУ ќе ја донесат одлуката во однос на изјавата на претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј по носењето на последните санкции, дека во однос на почитувањето на прекинот на огнот и имплементацијата на мировниот план во однос на Источна Украина, дека е можно укинување на санкциите.

Во изјавата на Ван Ромпуј, во однос на усвојувањето на последниот пакет за рестриктивни мерки, меѓудругото се вели дека ЕУ-земјите до крајот на месецов ќе ја разгледаат имплементацијата на мировнито план и почитувањето на прекинот на огнот и ако ситуацијата на терен е добра, ЕЕАС и Комисијата ќе треба да подготват предлог за можни измени на рестриктивните мерки кон руски официјални лица и компании од оваа земја и од Источна Украина, истакна Коцијанчич.

Портпаролката на Кетрин Ештон додаде дека постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ во Брисел, идната недела ќе се сретнат на редовен состанок во рамки на КОРЕПЕР-групата и на агендата е оценка на имплантацијата на мировниот план и почитувањето на прекинот на огнот во Украина. Според Коцијанчич, најпрво ќе се направи сеопфатна проценка на прекинот на огнот и имплементацијата на мировниот план, па ако на теренот ситуацијата е добра, ЕЕАС и ЕК ќе дадат предлог за чекор назад во однос на санкциите.

- Прво е потребна оценка на сеопфатното разгледување на имплементацијата на мировниот план. Ако ситуацијата на терен е таква, ЕК и ЕЕАС ќе бидат поканети да дадат предлог. Нема ништо автоматски, мора да се следат процедурите., А, сите одлуки во однос на носењето и укинувањето на рестриктивните мерки се усвојуваат со едногласност на сите земји-членки - потцрта гласноговорничката на Европската служба за надворешни работи.

Како што е познато, пред две недели, Европската унија усвои дополнителни санкции кон лица и компании, но и банки од Русија и од регионите Крим, Донбас и Доњецк, со забрана за нивно тргување во границите на Унијата и патување на посочените лиц аи замрзнување на нивните средства во ЕУ, меѓу кои и пратеникот во руската Дума, Владимир Жириновски, а поради војната во Источна Украина, приклучувањето на Крим кон Русија и подгревањето на настаните во украинската држава.

Одлуката на ЕУ во однос на укинување на дел од санкциите, што се очекува да се донесе идната недела, се очекува да ги затопли односите меѓу Унијата и Руската Федерација, кои се замрзнат од почетокот на годинава поради настаните во Украина. Истото, се очекува позитивно да влијае и во однос на трилатералните преговори Русија-ЕУ-Украина во однос на доставата и употребата на рускиот гас, што се заканува(ше) зимава целосно да го запре протокот на важниот енергенс што исполнува најмалку 30 проценти од вкупната потреба за греење и домаќинство на Европската унија преку целата година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...