ЕУ стравува од џихадистите

Брисел, 26 септември 2014 (МИА) - Бројот на граѓани на Европската унија кои им се приклучиле на џихадистите во Ирак и Сирија драматично е нараснат, предупреди денеска координаторот на ЕУ за тероризам Жил де Кершов, додека градоначалникот на Брисел вели дека европските институции можат да бидат цел на терористите.

- Бројот на граѓани на ЕУ кои им се приклучиле на џихадистите во последните неколку месеци тројно се зголемил и ние проценуваме дека сега ги има над 3.000, рече Де Кершов за британскиот Би-Би-Си.

Тој додава дека е тешко да се процени колку од нив се вратиле во Европа.

Де Кершов растот на бројот на европски доброволци меѓу џихадистите му го препишува на прогласувањето на „Исламскиот Калифат“ кој екстремистите го воспоствија во Сирија и Ирак, како и на големиот публицитет што група Исламска држава (ИД) го доби поставувајќи снимки на погубување на заробеници на Интернет.

- Оние кои веруваат во ИД заминуваат таму, рече тој и ги повика членките на ЕУ да донесат серија мерки за да ги спречат оние кои сакаат да го пренесат џихадот на европско тло.

Во Брисел во последните денови е засилено обезбедувањето на зградите во кои се сместени европските институции, особено по медиумските информации дека полицијата спречила планови на џихадистите да ги нападнат. Иако белгиските власти не изнесоа никакви детали за оваа акција, градоначалникот на Брисел, Иван Мајор, вчера предупреди дека заканата на терористите за престолнината на Белгија „е конкретна и многу реална“.

Тој за белгиската телевизија РТЛ изјави дека државните органи ги надгледуваат државјаните на Белгија кои се вратиле од Сирија и Ирак, а за кои се претпоставува дека се околу илјада.

- Верувам дека уште некое време ќе бидеме потенцијална цел, каче Мајор.

Брисел во мај годинава беше цел на првиот терористички напад на тлото на Европа од страна на повратник од џихад. Тогаш Французинот од арапско потекло Мехди Немуш отвори оган врз посетителите на бриселскиот Еврејски музеј и притоа уби четири лица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...