Меѓународен налог за апсење на Салим Бенгалем

Париз, 1 октомври 2014 (МИА) - Лицето Салим Бенгалем кое САД го обвинуваат дека е еден од „џелатите“ на „Исламската држава“ во Сирија е веќе барано од француските власти и за него е издаден меѓународен налог за апсење од француски антитерористички судија во мај годинава, јавува дописникот на МИА од Париз.

Французинот на возраст од 34 години е меѓу деветте лица на листата „Specially Designated Global Terrorists“ на американскиот државен департман, на која се наоѓаат најопасните организации и лица во очите на американската влада.

Според информациите на париски „Ле Монд“, за Салим Бенгалем е издаден меѓународен налог за апсење од мај годинава, а француските тајни служби го следеле од 2010 година. На времето дури и бил притворен во рамките на истрага која се однесувала на подготвка на терористички акти. Но на времето бил ослободен од истражниот судија.

Неговото име се појавува при прислушување на извесен Тамер Бушнак, таксист, кој излегол од издржувањето на 18 месечна казна затвор поради членството во групата „Бут-Шомон“ која меѓу 2003 и 2005 година наведе десетина Французи помлади од 25 години од 19 париски ароднисман, да заминат да се борат во Ирак.

По излегувањето од затворот, Бушнак заедно со поранешните припадници од неговата група подготвувале бегство на Смаин Аит Али Белкакем, лицето кое ја подготви бомбата во метрото Музеј Д’Орсеј во Париз во 1995 година. Тие барале да најдат калашникови и во тој момент салим Бенгалем влегува во контакт со нив.

Се дотогаш тој бил познат за трговија со дрога и за обид за убиство, за што бил осуден на 11 години затвор. Полицијата редовно го следи и се обидува да сфати како тој единствениот од бројно семејство – седум браќа и сестри совршено интегрирани, работејќи како електричари, сметководители или воспитувачи, се радикализра. Одговорот е дека радикализацијата се направила во затворот. Иако во извештаите на затворските власти не стои дека Салим Бенгалем во затворот се дружел со радикални исламисти.

По аџилакот во Мека во 2009 година, тој е уапсен од полицијата на 6 јули 2010 година, но по дводневен притвор, истражните органи го ослободуваат бидејќи немаат докази, освен претпоставки и тоа дека се дружел со поранешни затвореници осудени за тероризам, што само по себе не е прекршок.

Четири години подоцна, тој се најде на црната листа на САД, како еден од „џелатите“ на „Исламската држава“  и е барен од антитерористички судија во Франција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...