Поранешниот лидер на БНП Грифин исклучен од партијата

Лондон, 2 октомври 2014 (МИА) - Поранешниот лидер на Британската национална партија (БНП), Ник Грифин е исклучен од партијата на чие чело се наоѓаше 15 години.

Во соопштението на оваа екстремно десничарска партија се вели дека Грифин е исклучен затоа што се обидувал да ја дестабилизира БНП и вршел „прогони“ на партиското членство. Тој е обвинет дека им се заканувал на членовите и активистите со „физичко насилство“, кои и дека давал лажни фианскиски сметки по неговиот минатогодишен личен банкрот.

Раководството на партијата го обвини својот долгогодишен лидер дека ја довел БНП на работ од целосно распад.

Во првата реакција по исклучувањето, Грифин целата постапка ја нарече нелегална, бидејќи е донесена без никаква расправа во партијата, а состојбите во БНП ги оквалификува како „гангстерски игри“.

БНП е маргинална партија на британската политичка сцена, која никогаш немала пратник во Вестминстер, ниту имала под контрола над некоја британска општина.

На европските избори во 2009 година, оваа партија предизвика големо изнедување кога освои повеќе од шест отсто од гласовите, а Грифин и уште еден негов сопартиец станаа пратеници во Европскиот Парламент во Стразбур.

Овој успех му се припишуваше на Грифин и на неговото водство, но на годинешниве евроизбори БНП доживеа тежок неуспех, освојувајќи само еден отсто од гласовите, со што ги загуби пратеничките места во Стразбур. Тоа беше главната причина за оставката на Грифин во јули годинава.

БНП и Грифин честопати беа обвинувани за национализам, ксенофобија и за расизам, што тој секогаш категорично го одбиваше, тврдејќи дека единствено за што се залага е истакнување на британството и на правата на Британците, пред сите другите во земјата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...