Тајната актовка на Путин

Рускиот претседател Владимир Путин на патувањата секогаш е придружуван од двајца морнарички офицери кои во рацете носат таинствена црна актовка што го привлекува вниманието поради нејзината содржина.

Станува збор за „атомско ковчеже“ во кое се наоѓа уред со помош на кој Путин може да лансира ракети со нуклеарни боеви глави, пишува српски „Телеграф“. Рускиот претседател од ковчежето не се одвојува ниту кога посетува други земји.

Кодното име на руската нуклеарна актовка е „Чегет“. Поврзана е со посебен комуникациски систем со кодирано име „Кавказ“, којшто поддржува комуникација меѓу високи владини функционери во моменти кога се носат одлуки за употреба на атомското оружје.

На рускиот претседател актовката му е при рака во кој било момент, а според некои информации, ваков вид ковчеже имаат и министерот за одбрана и началникот на Генералштабот на Војската на Русија.

Генералштабот добива сигнал и иницира напад врз основа на авторизација на кодовите за лансирање на нуклеарниот арсенал.
На 25 јануари 1995 година, во норвешкиот ракетен инцидент била активирана актовката како одговор на „Брант 12“, четворофазна звучна ракета која ја лансирале норвешки и американски научници. Тоа било единствениот пат кога нуклеарната актовка била ставена во состојба на готовност.

Рускиот претседател вчера беше во посета на Србија, а со него вообичаено беше и црната актовка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...