Советот на ЕУ ќе разговара за натамошните чекори

околу санкциите кон Русија

Луксембург, 20 октомври 2014 (МИА) - Советот за надворешни работи на ЕУ на денешната седница ќе направи оценка за спроведувањето на договореното од Минск за Украина и ќе донесе решение за натамошните чекори за евентуална измена на режимот на санкции кон Русија, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон.

- Ќе ја разгледаме ситуацијата и ќе одлучиме какви ќе бидат идните активности, истакна Ештон по нејзиното пристигнување во Луксембург на средба на шефовите на дипломатии на 28-те земји-членки на Унијата.

Според ЕУ, клучните фактори за делумно или целосно укинување на санкциите кон Русија се почитување на примирјето во зоната на конфликтот, видливи напори на Москва да се постигне стабилизација и исполнување на условите од договорот во Минск.

Шефот на данската дипломатија Мартин Лидегор нагласи дека се уште не е дојден моментот за олеснување на санкциите на ЕУ кон Русија. Од друга страна, пак, неговиот литвански колега Линас Линкевичус предупреди дека Унијата може да воведе и нови санкции, доколку ескалира состојбата во источниот дел на Украина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...