Зајакнување на руските односи со САД и ЕУ нема алтернатива

Москва, 20 октомври 2014 (МИА) - Зајакнувањето на руските односи со САД и Европската унија нема алтернатива, изјави денеска министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

- Ние поаѓаме од постулатот дека зајакнувањето на нашите односи со ЕУ, како и на нашите односи со САД, нема алтернатива, нагласи Лавров на предавањето што го одржа во рамки на проектот „Граѓански универзитет“.

Лавров истакна дека меѓународната коалиција за борба против тероризмот треба да биде воспоставена преку институциите на Обединетите нации, а не на едностран начин со цел да се постигнат одредени геополитички интереси. 

- Доколку зборуваме за коалиции ајде да формираме таква коалиција. Ајде за тоа да доднесеме одлука во Советот за безбедност на Обединетите нации, рече шефот на руската дипломатија, додавајќи дека е погрешно, ненормално и контрапродуктивно борбата против тероризмот да се злоупотреби за политички цели, бидејќи тоа ќе води само до зголемување на хаосот.

Осврнувајќи се на случувањата во Сирија и Ирак, Лавров нагласи дека Москва продолжува да им помага на двете земји во борбата против тероризмот, нагласувајќи дека таа помош вклучува и „испорака на оружје во голем обем“.

- Ние продолжуваме да им помагаме на владите на Ирак и Сирија, како и на другите земји во регионот во нивните борби против верскиот екстремизам кој се бори за освојување на власта. Нашата поддршка вклучува и снабудување на тие влади со големи количества на оружје и воена опрема со цел да биде зголемена нивната борбена способност, нагласи Лавров.

Тој нагласи дека Москва се залага за консолидација на меѓународните напори за борба против глобалната закана од тероризмот.

Кога станува збор за Украина, Лавров нагласи дека Москва се залага за почитување на договорот за прекин на огнот од Минск, додавајќи дека тој би можел да претставува основа за изнаоѓање на решение на политичката криза во оваа земја.

- По потпишувањето на договорот од Минск се создадоа перспективи за изнаоѓање политичко решение. Како што знаете на состаноците во Милано претседателот (на Русија, Владимир Путин) ја повтори нашата поддршка за целосна имплементација на договорот постигнат со поддршка на Русија и ОБСЕ и за негова имплементација од сите вклучени страни, рече Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи нагласи и дека НАТО одбил да соработува со Организацијата на договорот за колективна безбедност во врска со прашањето за стабилизација за состојбата во Авганистан.

- Нашите партнери од НАТО упорно во последните десет години ги одбиваат нашите предлози да работиме заедно преку Организацијата на договорот за колективна безбедност, рече Лавров, додавајќи дека Русија е многу загрижена поради постојаните терористички закани и шверцот на дрога во Авганистан, особено кога меѓунаордните сили ќе ја напуштат оваа земја на крајот на 2014 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...