|
|
|
Шефовите на дипломатиите на ЕУ бараат една милијарда евра за борба против еболатаЛуксембург, 20 октомври 2014 (МИА) - Шефовите на дипломатиите на 28-те земји од ЕУ денеска почнаа разговори со цел да соберат една милијарда евра и да се изработи заеднички пристап за борбата против епидемијата на ебола во Западна Африка.
Целта на средбата е да се подготви пакет мерки, што ќе биде одобрен од лидерите на земјите на нивната претстојна средба во Брисел во четврток и петок.
Пакетот ќе вклучува како финансиска помош, така и заеднички процедури за репатрирање на болни, центри за лекување на местата и обука на здравствени работници.
Британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд рече дека фондот од една милијарда евра за таа цел е неопходен колку што е можно поскоро, за да биде совладана епидемијата и да се спречи ширење.
Холандија соопшти дека се подготвува да испрати воена фрегата во реонот, кој ќе ги помогне тие напори.
На средбата во Луксембург денеска шефовите на дипломатиите одобрија и нови санкции против сирискиот режим. Тие додадоа уште 16 имиња блиски на режимот на Башар Ал Асад поради нивната улога во масовните репресии.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Едно утро се шета Милошевиќ низ затворскиот двор во Хаг, А сонцето му вели: - Добро утро хероју српски, миротворецу најголем, ослободителу наш... (овој се дуе ли се... |
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е... |
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
1421.- Повеќе од 100.000 луѓе се удавија кога...
1492.- Кралската двојка на Шпанија (тогашна...
1790.- Во Филаделфија умре Бенџамин Франклин,...
1894.- Роден е рускиот државник Никита Сергеевич...
|
|
|
|