во авионска несреќа

ВИДЕО: Случајност? Загина директорот на „Тотал“

Москва, 21 октомври 2014 (МИА) - Директорот на француската нафтена компанија „Тотал“, Кристоф де Маржери, ноќеска загина во авионска несреќа на аеродромот „Внуково“ во Москва, од каде се враќал по средба со високи руски државни претставници, јавија француските медиуми.

Авионот при полетувањето се судрил со возило за чистење на снег, при што загинале сите четворица патници во авионот, вклучувајќи ги и тројцата членови на екипажот, објави во соопштение компанијата „Тотал“, потврдувајќи ја смртта на својот директор.

Возачот на машината за чистење на снегот останал неповреден, посочија руските медиуми, и покрај првичните информации дека и тој загинал во несреќата.

Причината за судирот и зошто машината за чистење снег се нашла на пистата за полетување и слетување, допрва ќе се треба да ги утврдува истрагата и специјална комисија.

Извор на ТАСС претходно информира дека причина за хаваријата веројатно е лошата видливост.

Директорот на руската Федерална агенција за цивилно воздухопловство, Александар Нерадко, изјави дека има неколку фактори со кои може да се објасни несреќата - лошите метеоролошки услови, вклучувајќи ја и снежната покривка, маглата и врнежите.

- Властите, меѓутоа, не го исклучуваат и човечкиот фактор, дополни Нерадко.

Управата на аеродромот тврди дека во моментот на несреќата видливоста на пистата била 350 метри.

Рускиот весник „Ведомости“ објави дека Маржери сакал да патува од Москва за Париз по средбата со рускиот премиер Дмитриј Медведев, посветена на странските инвестиции во Русија, која е под санкции од Западот.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...