Путин во 2008 му предложи на Туск да ја поделат Украина

Варшава, 21 октомври 2014 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин во 2008 година му предложил на поранешниот полски премиер Доналд Туск да ја поделат Украина, изјави претседателот на полскиот Парламент, Радослав Сикорски, во интервју за американскиот сајт Политико.

Прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков статијата  за предлогот на Путин за поделба на Украина ја нарече „трачарење“ и дополни дека не е особено запознат со „творештвото на овој сајт“, пренесе ТАСС.

Според Сикорски, кој до септември беше министер за надворешни работи на Полска, Путин предлогот го дал за време на посетата на Туск на Москва во 2008 година.

- Тој побара од нас да бидеме учесници во таа поделба на Украина. Тоа беше едно од првите нешта кои Путин му ги кажа на мојот премиер Доналд Туск, кога ја посети Москва, изјавил Сикорски.

- Тој (Путин) изјави дека Украина е вештачка земја, дека Лвов е полски град и зошто да не земеме заедно да ги средиме нештата, изјавил Сикорски во интервјуто објавено на 19 октомври.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...