Евроскептиците на Фараж ја обновија својата пратнеичка група

Брисел, 21 октомври 2014 (МИА) - Евроскептичната партија Европа на слободата и демократијата (ЕФДД) на познатиот британски евроскептик Најџел Фараж, денеска е обновена и ќе продолжи да постои во рамки на Европскито парламент, јави дописникот на МИА од Брисел.

Откако минатата недела остана без група во Европарлмаентот, поради тоа што летонската европратеничка Ивета Григуле ги напушти и немаа пратеници од минимум седум ЕУ-земји,  ЕФДД на Фараж денеска се реобновија откако им пристапи полскиот европратеник Роберт Јарослав Иваскиевич, кој доаѓа од партија предводена од евроскептични расисти од Полска.


Иваскиевич е член на партијата Полскиот конгрес на новото право, која е предводена од Јануш Корвин-Мике, исто така член на европскиот законодавен дом, кој неодамна беше казнет 3.040 евра за давање на расистички забелешки во Европскиот парламент.
 
Тој рече дека на жените не треба да им биде дозволено да гласаат и дека разликата меѓу силување и доброволен секс е “многу суптилна”. Исто така, Корвин-Мике е познат по изјавата дека Адолф Хитлер “најверојатно ... не бил свесен дека Евреите биле истребени”!


Претходно, Французинката Марин Ле Пен ја отфрли можноста за формирање коалиција со Конгресот на новото право по европските избори, со забелешка дека политичките ставои на партијата на Корвин-Мике се во спротивност со вредностите на партијата на француските евроскептици. А, Фараж, пак, претходно одби да направи коалиција со Националниот фронт на Ле Пен и истите да ги вклучи во ЕФДД

Инаку, денешното приклучување на Полјакот Иванскиевич на партијата на евроскептиците во Европарламентот, тој го сторил како поединец, додека Корвин-Мике и другите двајца европратеници во неговата партија Полскиот конгрес на новото право остануваат неповрзани во рамки на ЕП. По тој повод, денеска, законодавниот дом на Европската унија треба даја прифати апликацијата на Иванскиевич и повторно да ја регистрира партијата Европа на слободата и демократијата.

- Ќе парафразирам една славна изјава на Марк Твен, а тоа е дека гласините за нашата смрт се во голема мера претерани - рече Фараж во денешното соопштение за реобновувањето на ЕФДД.
 
Полјакот Иванскиевич, пак, истакна дека тој им се приклучил на британските евроскептици поради, како што тој вели, две важни вредности: противење на бирократијата и поддршката за слободен пазар во ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...