Deutsche Welle

Шлаканица од Брисел за Лондон

Претседателот на Европската комисија во заминување, Жозе Мануел Барозо, уште еднаш директно му кажа на британскиот премиер Камерон што мисли за неговата негативна ЕУ-политика.

Британската влада ги отфрли критиките на претседателот на ЕК во заминување, Жозе Мануел Барозо. Тој викендов отворено порача дека би претставувало историска грешка доколку Велика Британија ја напушти ЕУ. Од Даунинг Стрит му одговорија дека статус-квото во односите со ЕУ е неприфатливо и дека се потребни промени.

И двете страни се согласуваат во тоа дека не се согласуваат. Но кусо пред завршувањето на мандатот, Барозо повтори дека негативната кампања на британскиот премиер Дејвид Камерон ја турка неговата земја надвор од ЕУ. Наместо да им се спротивстави на евроскептиците во неговата Конзервативна партија и на оние од УКИП, британскиот премиер дозволува да се шират антиевропски чувства на островот. Со тоа земјата се‘ повеќе се приближува до напуштање на ЕУ, или како што популарно се нарекува - Брегзит. Тоа, според Барозо, би имало катастрофални последици во прв ред за британската економија.

Зад оваа лекција насочена пред сѐ кон Камерон се наоѓа уште една кавга меѓу Лондон и Брисел. Имено, тоа е најавата на британскиот премиер дека ќе го ограничи бројот на доселеници од земјите од ЕУ. Но таквото нешто не е можно според правилата на ЕУ, затоа што се коси и со основните европски договори. Но, Камерон се наоѓа под притисок на последните успеси на евроскептичната партија УКИП во неговата земја: десните популисти го наметнаа доселувањето од источна Европа како централна тема за време на изборната кампања и го истуркаа и премиерот во неа. Стравот кај конзервативците е дека, откако УКИП веќе доби едно место во парламентот во Лондон, на изборите во ноември тоа би можело да се повтори.

Последна шанса за Лондон

Дејвид Камерон затоа сега бара начин како да го ограничи доселувањето во земјата, или во најмала рака да ја укине социјалната помош за новодојденците од сиромашните делови на ЕУ.

Со последните критики, претседателот на ЕК испраќа уште еден апел до Лондон: Брисел и досега ги исполнуваше желбите на Лондон, па дури одобри и заштеди во буџетот на ЕУ. Но, ваквите забелешки не наидуваат на одек кај Британците: конзервативната партија се обидува да и‘ парира на политичката конкуренција одејќи уште подесно од неа, и станува речиси исто толку евроскептична. Според последните анкети, речиси половина од испитаните Британци поддржуваат напуштање на Унијата. Изминатите години постоеше стабилно мнозинство кое поддржуваше останување во ЕУ, што значи дека пропагандата на Конзервативците и на УКИП има ефект врз граѓаните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...