Баросо заминува, ЕП утре гласа за новата Европска комисија

Стразбур, 21 октомври 2014 (МИА) По десет години поминати на челото на Европската Комисија, португалскиот политичар Жозе Мануел Баросо му го остава местотo на Луксембуржанецот Жан-Клод Јункер и на неговата нова екипа за која Европскиот парламент ќе гласа утре, јавува дописникот на МИА од Стразбур. 

Стариот состав на Европската комисија дојде во целосен состав пред Европскиот парламент во Стразбур. Претседателот Жозе-Мануел Баросо во својот завршен говор се осврна на предизвиците со кои се соочуваше комисијата во изминативе пет или десет години за него лично. Тука е пред се проширувањето на Европската Унија и финансиската криза, што доведе до недоверба на европјаните во ЕУ и зголемување на евроскептицизмот.

Во прошталниот говор, Баросо рече дека донесол некои добри одлуки во текот на двата мандати. Тој се пофали дека успеа да ја смири кризата со еврото и дека оставил една посилна Европа, која сега располага со инструменти кои би требало да и дозволат да избегне една нова слична криза. Тој смета дека  ги предупредил Велика Британија и Давид Камерон против евроскептицизмот и ставањето прашање на слободата за движење во Европската Унија.

„Вистината е дека ние ја доживеавме можеби најголемата економска и финансиска криза, најмалку од нашата европска интеграција, Вистината е дека не е Европа која ја создаде кризата. Тоа е што некои не го разбираат или не сакаат да го разберат“- рече Баросо.

Баросо притоа потсети дека долгот на државите  е поради недостигот на внатрешна контрола. Според него, вината за популизмот од левицата или десницата не е резултат на ЕУ, бидејќи тој е присутен и во земји кои не се членки на ЕУ. Тој посети дека неговата комисија работеше за Европа и дека неговата партија беше Европа, повикувајќи на широка мобилизација против евроскептиците и популизмот.

„Потребно е да се обединат проевропските сили, да имаат храброст да ја бранат Европа, дома , а не само  во Стразбур. Потребна е голема коалиција за Европа, бидејќи верувам дека имаме доволна енергија за да се добијат сегашниве и идни битки“ – нагласи тој.

Како вистински адмирал, доаѓајќи од земјата на морепловците, тој знаеше да ги избегне силните бранови во изминатите десет години, освен можеби скандалот со комесарот Џон Дали, на кого моќната тутунска индустрија му постави замка.

Критичарите на Баросо му забележаа дека му недостигала иницијатива,  некои упатија критики поради неговата навика да ја бара поддршката од Берлин и Париз пред да направи било што, а некои велат дека секогаш барал инструкции од двете страни на Рајна.

Па, дури и најкритичарите можат да признаат дека Баросо приоднесе да не успее создавањето на поважна европска функција од неговата, таа на претседателот на Европскиот Совет, која Белгиецот Херман Ван Ромпуј, ќе ја ослободи во корист на Полјакот Доналд Туск. Од 2009 година кога Ван Ромпуј ја доби функцијата, Баросо остана главниот соговорник на меѓународните соговорници со ЕУ, што не беше во замислата на творците на Лисабонскиот договор.

Баросо секогаш се заложуваше за моделот на Комисијата во која тој ги држеше сите конци. Неговите комесарим ретко излегуваа од неговата сенка, освен Луксембуржанката Вивине Рединг, која во 2010 го критикуваше Никола Саркзои за неговата политика кон ромите.

Во книгата која Баросо само што ја објави, збирка на говори и официјални документи, тој ја раскажува приказната со унгарскиот премиер Виктор Орбан кој не ги поднесувал критиките од неговите колеги шефови на држави и влади, но кој рекол дека ги прифаќа критиките на Комисијата. Оваа анегдота, Баросо ја избира за да каже дека Комисијата ја играла нејзината улога. Но според зајадливите коментари во Стразбур, Орбан ја прифаќа критиката од Комисијата, бидејќи таа не вели ништо.

Претседателот на Комисијата јајави дека ќе ги објави своите мемоари во кои можеби ќе даде објаснувања за неговата улога во светските случувања во последната деценија.
Во името на Европскиот парламент, откако британските евроскептици ја напуштија салата, се заблагодари претседателот Мартин Шулц.

„Ви се заблагодарувам за личната енергијата која ја инвестиравте во вашите идеи кои ги имате за Европа. Лична благодарност и почит, што важи и за членовите на Комисијата“- рече Шулц во скоро полуиспразнетата сала во Стразбур.

Утре Европскиот парламент ќе го изгласа новиот состав на комисијата предводена од Жан-Клод Јункер, откако денеска беа направени последните промени со одборувањето Словенката Виолета Булц да го преземе ресорот за транспорт, а Словакот Марош Шефович - Енергијата и вице-претседателското место.

Утрешното гласање ќе биде чиста формалност бидејќи Комисијата е поддржана од широката коалција на народните партии, социјал-демократите и либералите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...