Без еднострани чекори во решавањето на светските проблеми

Москва, 22 октомври 2014 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди денеска на опасноста од едностраните чекори во решавањето на проблемите во светот, јави ТАСС.

- Светот денес станува полицентричен и мултиполарен. Да се биде свесен за оваа вистина би требало да послужи како предупредување против обидите на една група држави да ги диктираат решенијата на другите. Ова се уште не е искоренето, рече Лавров на состанок со претставници на Граѓанската младинска комора во Москва.

- Во ситуациите, каде мора да постои заеднички пристап, гледаме еднострани чекори, кои го поткопуваат успехот на нашите решенија, истакна шефот на руската дипломатија.

Според Лавров, изминатите неколку години „можевме да видиме каде сето тоа не доведе“. 

- Имаше агресија врз Југославија, илегална интервенција во Ирак и бомбардирање на Либија. Сега тоа можеме да го видиме и во Сирија, рече Лавров.

Тој нагласи дека украинската криза е директна последица на обидите на западните држави да „ги зачуваат и поместат кон исток поделбите во евроатланскиот простор“.

- Ние сме против таквите обиди. Не сакаме конфронтации, но ќе бидеме одлучни во одбрана на нашите интереси и постапување на начин, кој го сметаме за правичен врз основа на меѓународното право. Веруваме дека тоа е најдобар начин за обезбедување на интересите на Русија, заклучи Лавров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...