Блокот на Порошенко ќе победи на изборите во Украина

Киев, 22 октомври 2014 (МИА) - На претстојните парламентарни избори во Украина, што ќе се одржат в недела, се очекува 28,1 отсто од избирачите да го дадат својот глас за Блокот на Петро Порошенко, покажуваат резултатите од истражувањето на Фондацијата „Јавно мислење“, што беа објавени денеска.

Како што јави агенцијата ТАСС, претставувајќи ги резултатите од анкетата, претседателот на Фондацијата, Володимир Подгорнов, рече дека за Радикалната партија на Олег Лашко се подготвени да гласаат 13,8 проценти, за Народниот фронт на премиерот Арсениј Јацењук - 8,2 отсто и за Татковина (Баткившчина) на експремиерот Јулија Тимошенко - 7,3 отсто. Следуваат партијата Граѓанска позиција на поранешниот министер за одбрана Анатолиј Гриценко со 6,4, партијата Самопомош на лвовскиот градоначалник Андриј Садовиј со 5,5 отсто и партијата Слобода со 5,2 отсто.

Опозицискиот блок, во кој се поранешните членови на Партијата на регионите е на границата на петпроцентниот цензус за влез во Врховната рада и тие засега може да сметаат на 4,9 отсто од гласовите.

Анкетата утврди дека 9,2 отсто од избирачите се уште не одлучиле за која партија ќе го дадат својот глас.

Претседателот на Фондацијата „Јавно мислење“, исто така, потенцира дека околу 30-40 проценти од гласачите уште не се определиле кој кандидат да го поддржат во едномандатните изборни единици. Тој информира дека во овие изборни единици бројот на претенденти за мандат варира од шест до 43.

На 26 октомври Украинците треба да ги изберат 225-те членови на Врховната рада од понудените листи на 29 партии со вкупно 3.114 кандидати. Истовремено, ќе се гласа и во 213 едномандатни изборни единици, во кои има вкупно 3.322 кандидати.

ТАСС посочува дека „од разбирливи причини“ изборите нема да се одржат во досегашните две изборни единици во Севастопољ и во 10 на Крим. Агенцијата го цитира претседателот на ЦИК, Михајло Охендовски, дека во 14 изборни единици во Доњецката и Луганската област ќе нема можност за гласање, а други три единици во источниот дел на земјата „се проблематични“, односно уште не е решено дали таму ќе се спроведат избори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...