Доњецките сили планираат да заземат три градови во источниот дел на Украина

Доњецк, 23 октомври 2014 (МИА) - Силите на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) планираат повторно да ги заземат градовите Славјанск, Краматорск и Мариупољ, изјави денеска премиерот на оваа област Александар Захарченко.

- Ќе следат периоди на интензивни судири. Ние повторно ќе ги заземеме Славјанск, Краматорск и Мариупољ. За жал, беше невозможно мирното решение да се стави во центарот на преговорите. Ние сме единствени кои го почитуваат режимот на тишина, истакна Захарченко.

Тој на почетокот од оваа недела нагласи дека гранатирањето на Доњецк го поткопува преговарачкиот процес меѓу Киев и самопрогласената ДНР.

- Повеќе нема разговори за прекин на огнот. Секако дека нема да седнеме на преговарачка маса со Киев, додаде Захарченко.

Властите на ДНР повеќе пати истакнуваа дека самопрогласената република никогаш нема да биде дел од Украина, а минатата недела Захарченко ги најави плановите за издавање пасоши на ДНР.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...