Руски шпионски авион летал кон Шведска

Стокхолм, 23 октомври 2014 (МИА) – По изнесените сомневања и зголемените активности на шведската воена морнарица во потрага по наводно оштетена руска подморница во водите околу архипелагот кај Стокхолм, нови податоци зборуваат за продолжување на руски шпионски активности во регионот на Балтичкото Море, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Еден руски шпионски авион летал во вторникот кон Шведска. Станува збор за летало од типот Иљушин ИЛ-20 кој тргнал од Калининград и прво се упатил кон Данска.

Откако бил откриен и регистриран од дански ловец Ф-16, а потоа и од шведски ловци Јас Грипен, рускиот авион го сменил курсот кон север, јави Шведската телевизија СВТ.

Речиси четири часа подоцна рускиот авион бил откриен околу 500 метри во воздушниот простор на земјата-членка на НАТО, Естонија, каде што се наоѓал помалку од една минута.

Оттаму рускиот ИЛ-20 бил ескортиран надвор од воздушниот простор на НАТО од страна на еден португалски авион Ф-16, кој во тој момент се наоѓал во Литванија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...