Сорос: Русија е закана за Европа

Москва, 23 октомври 2014 (МИА) - Политиката на Русија кон Украина претставува закана за самото постоење на Европа, оцени милијардерот Џорџ Сорос во авторскиот текст со наслов „Европо, разбуди се“, што денеска е објавен на сајтот на њујрошкиот „Ривју оф букс“.

-Европа се соочува со рускиот предизвик со самото нејзино постоење. Ниту европските лидери, ниту граѓаните не се свесни за овој предизвик или не умеат да се носат со него, наведе Сорос, а пренесуваат руските медиуми.

Сорос тврди дека руската политика наводно се темели на употребата на сила која се манифестира со репресија во земјата и агресија во странство, место на владеење на законите.

Тој истакна дека таквата политика може да наиде на широк одзив меѓу „анти ЕУ“ партиите, кои патем освоија многу мандати во Европскиот Парламент.

Сорос наведе дека во одсуство на единствен отпор од ЕУ и НАТО „нереално е да се очекува дека  рускиот претседател Владимир Путин ќе запре на  Украина, кога е на повидок поделбата на Европа со руска доминација над неа“.

Тој заклучи дека САД и државите од ЕУ треба да се однесуваат како да се во војна и на Украина да и ја понудат сета неопходна финансиска и воена помош.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...