Порошенко: Донбас не може да преживее без Украина

Одеса, 23 октомври 2014 (МИА) - Украинскиот претседател Петро Порошенко ја уверува украинската и светската јавност дека регионот Донбас, што е делумно под контрола на проруските сепаратисти, не може да преживее без Украина, пренесоа француските медиуми.

-Нема да има замрзнат конфликт, затоа што Донбас не може да преживее без Украина, ги уверуваше Порошенко присутните на неговот говор на предизборниот митинг во Одеса, на три дена пред парламентарните избори во земјата.

Во предизборната кампања како тема доминираа борбите во источна Украина меѓу украинските сили и проруските сепаратисти, во кои, според податоците на ОН, досега се убиени над 3.700 лица.

Мировниот процес, што го иницира Порошенко, не ги прекина целосно борбите и затоа сепаратистите, кои контролираат делови од Доњецката и Луганската област, сега се подготвуваат да организираат свои одделни избори на 2 ноември.

Корупцијата, меѓу другото, е една од главните теми во предизборната кампања на Порошенко. Оваа недела тој прогласи серија закони за борба со овој сериозен проблем во украинското општество, кој земјата ја има зафатено на сите нивоа во администрацијата и во власта, забележуваат француските медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...