Брисел, 24 октомври 2014 (МИА) - Лидерите на Европйската унија ја утврдија новата Европска комисија, што ќе биде раководена од Жан-Клод Јункер, изјави претседателот на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј
Како што јави ДПА, новата Еврокомисија ќе почне со работа на 1 ноември и ќе има мандат до 31 октомври 2019 година.
Претходно, во средата, новата Комисија ја потврди и Европскиот Парламент.