ЕУ постигна согласност за намалување на емисиите на штетни гасови

Брисел, 24 октомври 2014 (МИА) - Шефовите на држави или влади на членките на Европската унија синоќа во рамки на Самитот на Европскиот совет, се согласија за климатскиот и енергетски договор за Европа за периодот од 2020 до 2030 година, јави дописникот на МИА од Брисел.

Рано утринава, претседателот на Советот, Херман ван Ромпуј, објави дека првите луѓе на 28-те ЕУ-земји немале лесна дискусија, но успеале да донесат фер одлука што ја става Европа на амбициозен, но ефективен климатски и енергетски пат.

Климатските промени, според Ван Ромпуј се еден од најголемите предизвици на човештвото и на крајот на краиштата, ова прашање е за опстанок и е пример за долгорочна политика. А, за тоа зошто дури 16 години порано е постигнат овој договор, првиот човек на Советот рече на прес-конференција по синоќешното заседание на Самитот дека во климатските услови, 2021 година е почетокот на новиот период, што можеби не е утре, но тоа е задутре.

Тој рече дека економските актери треба да бидат предвидливи на долгорочна рамка, да планираат инвестиции, да поттикнуваат иновацијата, да ги зајакнат истражувањата.

- Во март оваа година, ние го поставивме денешниот ден како краен рок и го сочувавме нашето ветување. Ние нудиме сигурност и денешната одлука ќе овозможи Европската унија да испрати позитивна порака до меѓународните климатски преговори, а тоа е порака на посветеност. И на конференцијата на Обединетите нации во Париз следниот декември, ние ќе го обликуваме светскиот поредок по 2020 година, барем во однос на климатските политика, истакна Ван Ромпуј.

Претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо, додаде дека ова е навремена одлука во контекст кога повторно се размислува за пошироката енергија во Европа. Со кризата во Украина и превирањата на Блискиот Исток, според челникот на Комисијата во заминување, станало многу јасно колку е итно и од витално значење да се намали енергетската зависност на Европа и потребата да се изгради вистинска "Енергетска унија". Па, иако голем дел од прашањата на овој договор бие технички високо комплексни, сепак договорот е постигнат и истиот е амбициозен и избалансиран.

Претседателот на Европскито совет потсети дека има трите принципи до кои ЕУ се држи во својата работа. Прво, тоа е праведноста, при што секоја земја придонесува според својот просперитет и капацитет. Второ, како што посочи Ван Ромпуј, тоа е солидарноста, со дополнителна поддршка на земјите со пониски приходи и преку соодветни цели и дополнителни средства да им се помогне да се израмнат во транзицијата кон чиста енергија. И трето, тоа е економичноста, при што парите треба да бидат потрошени на поефективен начин, од перспектива на цела Европа.

- Ова ќе помогне да се заштити меѓународната конкурентност на нашите индустрии, да се заштитат европските работни места. Намалувањето на емисиите може да биде помалку скапо во некои места отколку во другите и ние треба да бидеме способни тоа да го искористиме. Па, така, тргувањето со систем на емисии (ЕТС) е веќе на место и тоа им овозможува на електричните централи и индустриските компании да изберат меѓу инвестирање во почиста технологија или купување на правата за емисија. Во тој поглед, сега се воведе овој пристап на пазарот меѓу земјите за секторите како транспорт, земјоделство и згради, истакна Ван Ромпуј.

За да илустрира што мисли во овој поглед, тој посочи дека за да се постигне целта, земја како Данска, која веќе има двојно застаклување насекаде, може да одлучи, наместо да оди на трикратно застаклување, да помогне за финансирање на двојно застаклување на друго место во Европа, па на тој начин, можете да се добие повеќе емисии на заштеда на вредноста за своите пари.

Прво, климатската цел, која е обврзувачка, е до 2030 година намалување на барем 40 проценти од емисиите на гасовите што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина на новото од 1990 година, одлучи Европскиот совет. Втора цел е чиста енергија, при што шефовите на државите и владите на ЕУ се заложија до 2030 година најмалку 27 отсто од енергијата да доаѓа обновливи извори. Станува збор за учество во вкупната потрошена енергија и целта е обврзувачки на ниво на ЕУ. Ова е област каде што технологијата се менува брзо и каде што се уште е рано да се предвиди како однесувањето ќе се промени, па некои од деталите се за подоцнежна фаза. Ова е амбициозна цел, бидејќи во моментов во ЕУ уделот на обновливите извори на енергија изнесува околу 14 проценти.

Трета цел е заштеда на енергија. Заложбата е за зголемување од најмалку 27 отсто во енергетската ефикасност, оваа бројка е индикативна и се споредува со проекциите до 2030 година врз основа на тековната потрошувачка и технологија. Тоа ќе биде прегледано од 2020 година, со оглед на нивото од 30 проценти во ЕУ. Заштедата на енергијата ќе се менува според однесувањето и иновациите и по примерот на данските домаќинства, со „исклучувањето на светлата" и „подобри светилки“. Енергетска ефикасност може да има трошоци, но исто така има реални придобивки, во смисла на иновација, истражување, нови работни места, како на пример во градежниот сектор. Заштедата на енергијата, исто така, е најсигурниот начин за намалување на нашата енергетската зависност.

Четврта цел поставена од Европската унија е енергетското поврзување. Целта е да се има електрична енергија за интерконекција во вредност од 15 проценти до 2030 година. Ова значи дека за секое производство на 100 мегавати струја, земјата-членка треба да има инфраструктура што ќе биде во можност за увоз или извоз на 15 мегавати во соседните земји. Интерконекциите се и осигурување во случај домашното производство на енергија да има надолен тренд, а исто така се важен дел од енергетскиот пазар и помагаат за натпревар во понудата и побарувачката преку границите.

- На ист начин, се согласивме да се протуркаат проектите од суштинско значење во гасоводниот сектор, што е прашање од заеднички интерес, каде енергетската безбедност, се разбира, е уште повеќе важна. Па, така, синоќа имавме интензивна дискусија во врска со одговорот на Европа на вирусот на еболата. Ќе се вратиме на ова прашање денеска. Синоќа го номиниравме идниот комесар за хуманитарна помош, Христос Стилијанидис од Кипар за координатор на ЕУ за борба против еболата. Имаше јасен повик за понатамошна финансиска поддршка на погодените земји, а денес ќе донесеме заклучоци за оваа точка, заврши Ван Ромпуј.

Синоќа, формално, шефовите на држави или влади на членките на Унијата го усвоија и целокупниот 28-член состав на новата Европска комисија предводена од Жан-Клод Јункер, што во средата беше избрана со големо мнозинство од страна на Европскиот парламент. А, како што најави претседателот на Европскиот совет,Самитот на Советот продолжува  денеска со прашањето за опасноста од ширењето на еболата, кое е поставено највисоко на агендата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...