Шведската потрага по руска подморница за Москва е „трагикомична“

Гетеборг, 24 октомври 2014 (МИА) - Врховната команда на шведските Вооружени сили денеска соопшти дека ја прекинува операцијата на потрага по општетена подморница во водите околу архипелагот кај Стокхолм, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Едновремено медиумите пренесоа дека Министерството за одбрана на Русија ја окарактеризира подводната операција на шведската морнарица како неоснована, изнесувајќи едновремено уверување дека потрагата по наводно оштетена подморница во шведските територијални води само ги зголемува тензиите во регионот.

Според шпекулациите, кои добија голем публицитет во шведските медиуми во изминатите денови, станува збор за руска подморница.

- Сведоци сме на целосно неосновани акции од страна на шведската одбрана, базирани врз реторика од времето на Студената војна, изјави во Москва генерал-мајор Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.

Конашенков истовремено забележува иронично дека станува збор за „трагикомедија“ и дека според неговото мислење, шансите да се најдат руски траги во шведските води се исто толку големи како и шансите познатите ликови од шведската литература за деца „Филе и Руле да го фатат Карлсон на покривот“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...