Блиска средба на германски и руски воени авиони

над Балтикот

Берлин, 29 октомври 2014 (МИА) -  Два авиона „еурофајтер“, на германското воено воздухопловство - „Луфтвафе“, денеска пресретнаа формација од осум руски воени авиони, кои летале во меѓународниот воздушен простор над Балтикот.

Во руската формација се наоѓале два авиона „МиГ-31“ и шест „Сухоја“ - два „СУ-34“, два „СУ-27„ и два „СУ-24“, што е најголемиот број руски авиони  што досега се регистрирани на тренажни летови  над Балтикот, пренесоа германските медиуми.

Германските авиони полетале од базата Амари, во Естонија, каде се стационирани во рамки на мисијата на НАТО.

Радарите на НАТО околу 15 часот попладнето ја регистрирале руската формација, а германските авиони покрај неа се задржале околу 25 минути.

-Нашите пилоти стапиле во контакт со руските авиони само за да ја извршат визуелната проверка, соопшти портпаролот на германската армија.

НАТО ги зголеми своите сили и воздушна одбрана на Балтикот по избувнувањето на украинската криза. Германија, во рамки на НАТО Единицата за воздушно патролирање, сега во Естонија држи четири авиони „еурофајтер“ и 160 војници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...