Франсоа Оланд никако да се одлепи од дното на непопуларноста

Париз, 31 октомври 2014(МИА) - Шефот на фрацуската држава Франсоа Оланд никако да се одлепи од дното на непопуларноста, покажа последното испитување на ТНС Софрес-Сорпа Груп спроведено за неделникот „Фигаро Магазин“. Според ова истражување, само 13 отсто од Французите имаат доверба во Оланд, јавува дописникот на МИА од Париз.

Прекинот во падот на популарноста траеше кратко, а повторното зголемување на бројот на невработените за дополнителни 19.000 лица во септември се веројатно причината за рекордното незадоволство од неговата работа. Имено, борбата против невработеноста беше наведена како еден од неговите приоритети.

И покрај непопуларноста, францускиот претседател е оптимист. Како што објаснува еден негов близок соработник, Оланд гледа „мала светлина за 2017 година, со оглед на ситуацијата во десницата“.

Враќањето на Никола Саркози на политичката сцена и неговата најавена жестока „битка“ за тоа кој ќе биде претседателски кандидат на умерената десница во 2017 со поранешните премиери Франсоа Фијон и Алан Жупе, дозволија да се види дека десницата исто така не се има соземено по поразот во 2012 година.

Франсоа Оланд, кој наскоро ќе го започне вториот дел од својот петгодишен мандат треба да ги заинтересира и ги убеди Французите, посебно тие кои гласаа за него и кои масовно се оддалечија од неговата политика, дека политиката која ја води е исправна, Во спротивно, како што рече Алан Жупе неодамна – во моментов секој кандидат може да го победи Оланд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...