Руската полиција заплени над 410 килограми хероинМосква, 31 октомври 2014 (МИА) - Московската полиција заплени повеќе од 410 килограми хероин, изјави денеска шефот на руската служба за контрола на наркотиците Виктор Иванов.
Операцијата, која траела две години, резултираше со притвор на шест членови на криминалната група, вклучително и на шефот на нарко групата.
Иванов наведе дека само во текот на ноќта полицијата запленила 147 килограми хероин, од кој би можеле да се направат околу 15 милиони дози, кои на наркопазарот би чинеле околу 500 милиони американски долари.
|