ЕК ги истражува наводите за корупција во ЕУЛЕКС

Брисел, 31 октомври 2014 (МИА) - Европската комисија ги истражува тврдењата за корупција во ЕУЛЕКС, но ги отфрла обвинувањата дека припадници на правосудната мисија малтретирале новинари, изјави денеска Маја Коцијанчич, портпарол на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон.

- Многу сериозно ги прифаќаме наводите за корупција, истакна Коцијанчич, додавајќи дека шефот на Канцеларијата за цивилно планирање и одговорност на владеењето денеска отпатувал во Приштина, а високата претставничка моментно разгледува преземање натамошни чекори.

Таа демантираше дека членови на мисијата му се заканувале на новинар од приштинскиот весник „Коха диторе“, кој објави повеќе текстови за корупција во раководството на ЕУЛЕКС, дека ќе биде кривично гонет доколку не ги повлече.

- Ние не вршиме притисок врз новинари, нагласи портпаролката, тврдејќи дека разговорот меѓу службениците на ЕУЛЕКС и новинарот се одвивал „во добра атмосфера, без закани“.

Коцијанчич не сакаше да го коментира барањето на пратеничката на Зелените и потпретседателка на ЕП, Улрике Луначек за формирање независно тело за истрага на наводите на „Коха Диторе“ и суспендираната тужителка на ЕУЛЕКС, Мари Бами.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...