Бајден:

Русија ќе плати висока цена

ако продолжи намерно да ги крши условите на договорот од Минск

Вашингтон, 11 ноември 2014 (МИА) - Русија може да плати уште повисока цена поради неисполнувањето на договорот од Минск за Украина, изјави вчера потпретседателот на САД Џозеф Бајден. 

Бајден тоа го истакнал во телефонски разговор со претседателот на Украина Петро Порошенко. 

- Потпретседателот истакна дека, ако Русија продолжи намерно да ги крши условите од договорот во Минск, ќе плати уште повисока цена за тоа, објави Белата куќа. 

Двајцата државници разговарале за ситуацијата во Источна Украина, составувањето на новата влада и ангажманот на земјата за спроведување на реформи.

Бајден, исто така, повикал што е можно побрзо да биде формирана коалиција, што ќе дозволи украинската Влада да продолжи со реформи и исполнувањето на преземените ангажмани кон украинскиот народ по парламентарните избори на 26 октомври. 

Двајцата, меѓу другото, разговарале и за претстојната посета на американскиот потпретседател на Украина на 21 ноември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...