Колку потроши Западот за дестабилизација на Украина

Москва, 13 ноември 2014 (МИА) - Претседателката на Советот на федерацијата, Горниот дом на рускиот парламент, Валентина Матвиенко изјави дека Западот потрошил пет милијарди долари за дестабилизација на Украина.

- Украинската криза докажа дека информациската технологија вклучувајќи интернет и социјални мрежи, може да направи лажна реалност и да ја измени свеста на нормалните луѓе заради корист на одредени политичари, изјави Матвиенко.

Таа вели дека тие пари се потрошени против легитимните украински власти.

- Затоа е неопходно да се знае ефикасно да се користи информациската технологија во спречување на зло и спротивставување на оние кои се обидуваат да ја сокријат вистината, додаде таа.

Протестите против украинските власти почнаа во ноември 2013 година, а во февруари 2014 година претседателот Виктор Јанукович беше симнат од власт. Украинската армија и проруски сили водат на исток во државата речиси секојдневно борби и покрај договорот за прекин на огнот постигнат во септември. Според ОН, во судирите на исток во Украина од средината на април досега загинаа околу 3.700 луѓе и преку 9.000 се повредени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...