Крајната десница во ЕП побара гласање доверба на Жан-Клод Јункер

Стразбур, 19 ноември 2014 (МИА) - Групата на евроскептиците во Европскиот парламент (ЕП), во која припаѓаат британската Партија на независноста (UKIP) и францускиот Народен фронт заедно со другите евроскеотици се обединија за барање на гласање на доверба на претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер.

Скандалот со „ЛуксЛикс“ систем за избегнување на  данокот разработен од Луксембург го дестабилизра претседателот Јункер, нo истовремено ги обедини евроскептиците во Европскиот парламент.

Според групата на Партијата на независноста - УКИП на Најџел Фараџ, на предложената резолуција потпис ставиле 76 европратеници, колку што се потребни за да таа влезе во процедура.

На текстот покрај 44 членовите на Групата за Европа на слобода и директна демократија, се потпишале уште 32 европратениците од групата на незапишаните. Меѓу нив се наоѓаат 23 европратеници од францускиот Национален Фронт, со исклучок на Жан-Мари Ле Пен, Бруно Голниш и Едуар Феранд. Односно историското јадро на француската националистичка партија.

Овај текст е прв заеднички настап на крајната десница, откако евроскептиците не успеаа да се обединат во иста парламентарна група. Најџел Фараџ ја состави Групата на Европа за Слободи и директна демократија со помош на италијанското движење Пет Ѕвезди на Бепе Грило. Додека, Марин Ле Пен неуспеа да создаде група и заедно со своите партнери седи кај незапишаните.

Се до вчера нивното приближување изгледаше невозможно, но очигледно дека фронтот анти-Јункер ги обедини.

Радикалната левица минатата недела се обиде да Поднесе предлог резолуција за гласање на недоверба на Јункер, но тоа не и успеа, бидејќи таа одби нејзиниот текст да биде поддржан од пратениците од крајната десница.

Гласањето на доверба се очекува да биде на сесијата на ЕП идната недела во Стразбур, Резолуцијата нема да го постигне бараното,бидејќи Жан-Клод Јункер ја ужива довербата на трите големи политички групи на Народните парти, социјалистите и либералите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...