Интерпол: На светскиот пазар стотици тони фалсификувани лекови

Дaблин, 19 ноември 2014 (МИА) - Меѓународната полициска организација Интерпол повика денеска на меѓународната конференција во Даблин за меѓународна соработка во борбата против организираниот шверц на фалсификувани лекови, што е закана за здравјето на луѓето.

- Станува збор за стотици тони фалсификувани лекови, кои се појавуваат на пазарот во светот преку илегални или легални канали, изјави Алис Плансон, заменик-директор на организацијата, одговорна за фармацевтски криминал.

Во некои реони на Африка, Азија и Латинска Америка до 30 отсто од лековите се фалсификувани, според проценки на организацијата.

Една од најзначајните операции на Интерпол против фалсификуваните лекови беше извршена во мај во 11 држави. Таа доведе до заплена на 9,6 милиони тони фалсификувани лекови, до затворањето на 12.000 сајтови и 434 апсења.

- Во наредната операција во јуни беа запленети сто тони фалсификувани лекови, меѓу кои и лекови за маларија, додаде Плансон.

Извршниот директор Жан-Мишел Лубутен повика за проширување на законодавните мерки и создавање царински и полициски оддели за борба против фалсификуваните лекови, како и за илегалната трговија на лекови.

Околу 200 учесници, меѓу кои и претставници на ОН и на полициски служби од 50 земји, учествуваат на конференцијата во Даблин, која продолжува и утре.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...