Во конфликтот во Украина досега загинале над 4.000 лица

Виена, 20 ноември 2014 (МИА) - Од почетокот на конфликтот во источниот дел на Украина досега загинале над 4.000 лица, а десетици илјади се повредени, изјави специјалниот претставник на ОБСЕ за Украина, Хајди Таљавини.

- Загинале повеќе од 4.000 луѓе, десетици илјади се повредени, а стотици илјади биле принудени да го напуштат регионот, истакна Таљавини на седницата на Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена.

Според неа, шансите за решавање на конфликтот се уште се нејасни.

- Кризата и понатаму е опасна не само поради стабилноста во реонот. Доколку не пристапиме сериозно кон неа, таа може да ја загрози и Европа, предупреди Таљавини.

Примирјето кое беше прогласено во источниот дел на Украина не го прекина насилството. Според ОН, од почетокот на примирјето се убиени вкупно 957 лица.

Таљавини повика за целосен политички дијалог за наоѓање решение, кој може да се води на официјално ниво, но и на округла маса со повеќе учесници кои ќе ги претставуваат дадените области.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...